Здравството за време на претходната власт било во тотален хаос, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Здравството за време на претходната власт било во тотален хаос, колапсот доминирал на Онкологија-партиската трибина на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ бара оставки од здравствените власти...

Обвинителството да утврдува други типови одговорност за раководните лица во здравството во време на владеење на СДСМ и ДУИ на Клиниката за онкологија – на партиската трибина за здравство апелираат од ВМРО-ДПМНЕ. Во Анкетната комисија биле нотирани прекршување на преку 60 одредби на Законите од здравствениот сектор и политичка одговорност за шест лица, кои Клиниката ја оставиле во долгови од 12 милиони евра, во дебатата изнесени од пратеничката Мизрахи
Условниот буџет за биолошка терапија во овој период е двојно зголемен – беше оценето во дискусиите.
На трибината на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот Ристески ја објасни постапката за набавка на лекови. Според него, во дистрибуција на лековите за одделни Клиники, удел од 70 насто во вкупното количество на медикаменти имала само една фирма.
Игор Панов
