Камбовски: Само Судскиот совет може да ги разреши своите членови
Единствено место каде е предвиден начин или постапка за разрешување на член на Судски совет е во Законот за Судски совет, вели Камбовски...

Член на Судскиот совет може да биде разрешен во постапка само пред матичната институција, во друг случај не, вели во неделното интервју на Радио Слободна Европа претседателот на Судскиот совет, Камбовски. Според него, колективното разрешување не е добра идеја, останува на ставот за индивидуална одговорност.
Камбовски не обелодени против кои судии имаат отворено постапка, посочувајќи дека според Законот тие се тајни, но доколку сака да ги изнесе своите аргументи, може да бидат јавни. Смета дека не е во ред судија кој се наоѓа на црната листа на САД да дели правда.
Првиот човек на Судскиот совет со став – критиките се добредојдени, даваат позитивен ефект, не ги чувствува за притисок. Довербата во Советот планира да ја врати со чесна работа.
Наташа Гркова-Петрушевска
