Србија

Студентите со 24-часовна блокада во Белград

27.01.2025 08:09

За претседателот Вучиќ протестите се незаконски, но и покрај тоа побара од полицијата да ги обезбеди собирите и да спречи инциденти. Сообраќајот ќе биде пренасочен...

Студентите најавија целодневна блокада во Автокоманда во Белград тврдејќи дека барањето за објавување на комплетната документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 луѓе, не е целосно исполнето. Одлуката следи откако Јавното обвинителство во Нови Сад на својата веб-страница објави дополнителни документи поврзани со несреќата.

За претседателот Вучиќ протестите се незаконски, но и покрај тоа побара од полицијата да ги обезбеди собирите и да спречи инциденти. Сообраќајот ќе биде пренасочен.

Протести се одржаа и низ повеќе градови во Грција по објавените нови докази за железничката несреќа пред две години во која загинаа 57 лица.