Богота се предомисли, ќе ги прими мигрантите
Властите во Богота се сложија на договор откако Вашингтон се закани дека ќе воведе итни санкции и царини за земјата...

Белата куќа победи во пресметката со Колумбија која ги блокираше слетувањата на два американски авиона со депортирани мигранти од САД. Властите во Богота се сложија на договор откако Вашингтон се закани дека ќе воведе итни санкции и царини за земјата.
„Го надминавме ќор-сокакот со владата на САД. Во следните неколку дена во Вашингтон ќе се одржат состаноци на високо ниво за следење на договорите за заедничката работа што доведе до размена на дипломатски ноти меѓу двете земји“, изјави Луис Гилберто Муриљо, министер за надворешни работи на Колумбија.
Откако Трамп остана доследен на својата имиграциска политика, Колумбија соопшти дека го има на располагање и претседателскиот авион со кој е подготвена да го олесни враќањето на колумбиските државјани во земјата.
