Украина

Жестоки борби на фронтот меѓу украинската и руската армија

27.01.2025 08:17

Руските сили тврдат дека зазеле уште две села во Доњецката област...

За само 24 часа забележани 153 престрелки меѓу украинската и руската армија. Најжестоки битки се водат во правец на Покровск. Руските сили тврдат дека зазеле уште две села во Доњецката област. Размената на дронови продолжи и во текот на ноќта. Претседателот на САД Трамп вели дека наскоро ќе преговара со неговиот руски колега Путин, додека заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Медведев изјави дека Трамп се обидел да го збуни целиот свет, но дека нема да може да ја „излаже“ Русија. Во истовреме белорускиот лидер кој извојува уште еден мандат на претседателските избори потврди дека се договорил со Путин во следните денови да ја распореди новата руска балистичка ракета „Орешник“ во неговата земја.

„Се договоривме со Путин следната единица да биде распоредена во Белорусија. Ова е одговор на желбата и можноста на Американците да распоредат ракети со среден дострел во Европа“, изјави Александр Лукашенко, претседател на Белорусија.