Штетните честички во воздухот на високо ниво
Во Скопје и натаму ПМ честичките над дозволените граници. Енормно регистрирано аерозагадувањето има и во Струмица...

Од изутрината алармантно штетни, канцерогени честички во воздухот се регистрирани во повеќе градови во земјава. Во Скопје и натаму ПМ честичките над дозволените граници. Енормно регистрирано аерозагадувањето има и во Струмица.
Таму од денеска стапуваат во сила мерки и препораки, соопштуваат од Министерството за животна средина. Согласно со настанатата состојба во Струмица се налага да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со а и со б-интегрирана еколошка дозвола.
Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, забрана на горење на отворено. Се препорачува работодавците, да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар. препорака да се реорганизира и работното време за лицата кои работат на отворено, да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.
Од синоќа и Охрид се бори со високото ниво на аерозагаденост. Мерните станици покажуваат дека штетните честички во воздухот се пет и пол пати над дозволеното ниво.
