Блиски Исток

Примирјето во Либан ќе продолжи до 18-ти февруари, соопшти Белата куќа

27.01.2025 08:24

Во истовреме, Тел Авив ги укина ограничувањата за преминување на Палестинците кон северот во Газа откако Хамас го достави деталниот список со статусот на сите заложници што треба да бидат разменети во првата фаза од договорот и дополнително се сложи да ослободи уште шест заложници-тројца в четврток и уште тројца в сабота...

Израел ги задржува трупите на југот на Либан и покрај истекот на рокот, договорот со Хезболах продолжен до 18 февруари-соопшти Белата куќа. Во истовреме, Тел Авив ги укина ограничувањата за преминување на Палестинците кон северот во Газа откако Хамас го достави деталниот список со статусот на сите заложници што треба да бидат разменети во првата фаза од договорот и дополнително се сложи да ослободи уште шест заложници-тројца в четврток и уште тројца в сабота. Американскиот претседател Трамп бара Јордан и Египет да прифатат повеќе палестински бегалци.

„Би сакал и Јордан и Египет да прифатат повеќе луѓе. нешто мора да се направи. Газа е буквално разурнато место, луѓето умираат. Повеќе би сакал да се вклучам со некои од арапските нации и да изградам станови на друга локација каде што за промена можеби ќе живеат во мир“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Хамас и палестинскиот претседател Абас ги отфрлија идеите на Трамп за раселување на Палестинците вон териториите на Газа.