УХМР

Најстудено утрово во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

27.01.2025 09:04

Најстудено утрово е во Берово, -4 степени, а температури под нулата има и во Битола и Прилеп каде што се измерени-2 степена...

Најстудено утрово е во Берово, -4 степени, а температури под нулата има и во Битола и Прилеп каде што се измерени-2 степена.

Како што информира УХМР, 0 степени се измерени во Крива Паланка, Охрид, Претор и Попова Шапка, 1 степен во Штип, 2 во Тетово, Струмица и Лазарополе, 3 во Виница, Кавадарци и Маврови Анови, 4 во Крушево, 5 степени во Скопје – Зајчев Рид и Демир Капија, 6 во Скопје – Петровец и Велес и 9 степени во Гевгелија.

На Попова Шапка во 7 часот е измерена снежна покривка од 38 сантиметри, 28 во Маврови Анови и 7 сантиметри во Битола.