Герасимовски бара Градот Скопје и Арсовска да го исчистат ѓубрето во Центар
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека градот Скопје под раководство на градоначалничката Данела Арсовска не си ги исполнува своите основни работни обврски...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека градот Скопје под раководство на градоначалничката Данела Арсовска не си ги исполнува своите основни работни обврски и утрово, ѓубрето не е исчистено од улиците на Центар под чија надлежност е градот.
„Барам итно денеска градот Скопје да си ја заврши својата работа и да го исчисти ѓубрето во Центар каде што градот и градоначалничката Данела Арсовска се надлежни. Недозволиво е центарот да Скопје да изгледа вака, јавните површини се акумулирани со ѓубре коешто не само што го загрозува здравјето на граѓаните, туку ја нарушува и животната средина. Апелирам до Арсовска и градската администрација веднаш да се фатат за работа и да ги исчистат улиците во Центар за кои самите се надлежни! Неопходно е веднаш да се интервенира и да се осигура чистотата на улиците“, алармира Герасимовски.
