ЕУ ги оцени изборите во Белорусија за нелегитимни
Во заедничка изјава шефицата на европската дипломатија и еврокомесарката за проширување, Калас и Кос соопштија дека лажните избори ниту биле фер, ниту биле слободни...

Претседателските избори во Белорусија и победата на Лукашенко се нелегитимни – оценија од Брисел. Во заедничка изјава шефицата на европската дипломатија и еврокомесарката за проширување, Калас и Кос соопштија дека лажните избори ниту биле фер, ниту биле слободни. Најавија дека ќе продолжат со рестриктивните мерки против 30-годишниот режим на Лукашенко, бидејќи како што велат, народот во Белорусија заслужува вистински избор за тоа кој ќе управува со нивната земја.
Според Централната изборна комисија во Белорусија која го прогласи Лукашенко за победник на претседателските избори по седми пат, тој освоил 86,82 насто од гласовите.
