МВР

Приведен криминалец за издржување затворска казна од 11 години

27.01.2025 20:01

Вчера околу 22.30 часот на ул. „Караорман“ во Битола, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во содејство со СВР Битола, Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода М.К.(24) од Скопје...

Вчера околу 22.30 часот на ул. „Караорман“ во Битола, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во содејство со СВР Битола, Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода М.К.(24) од Скопје, информираат од МВР.

Тој бил баран по девет централни потерници од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Скопје и од Основното јавно обвинителство Скопје за издржување на казна затвор од 11 години и три месеци.

При лишувањето кај него била пронајдена и одземена марихуана. М.К. бил предаден во Полициска станица Битола за понатамошна постапка, се наведува во соопштението.