Загадување

Струмица повторно со загаден воздух – екоактивистите најавија протести

27.01.2025 12:35

Во Струмица повторно не се дише заради високите концентрации на штетните ПМ честички. Граѓаните веќе стравуваат за своето здравје а екологистите најавуваат протести. Министерството за животна средина повторно издаде препораки за овој град.

Струмица e повторно меѓу најзагадените градови во земјава со штетните ПМ 10 честички во воздухот. Министерството за животна средина по четврти пат издава препораки и мерки како да постапуваат институциите за да се заштитат граѓаните кои веќе стравуваат за своето здравје.

Екоактивистите од Струмица во сабота на први февруари најавија протест бидејќи институциите не успеа да ги заштитат граѓаните од аерозагадувањето. Освен со ПМ 10 честички во Струмица има и високи концентрации на сулфур диоксид.

Истражувањето на штипскиот универзитет покажа дека горењето огревни дрва и сообраќајот се двата најголеми извори на аерозагадувањето во Струмица. Екологистите сметаат дека загадуваат и индустриските капацитети.

 

Ване Трајков