Обама добива тужба за реформите во здравството?!

31.07.2014 14:22

Американскиот Претставнички дом има намера да поднесе тужба против претседателот Барак Обама поради здравствената реформа.

„За“ резолуцијата која дозволува тужба против претседателот гласаа 225 републиканци. Демократите беа против.

Претседателот е обвинет дека ги пречекорил границите поставени со Уставот, кога со претседателски декрети променил делови од контроверзната здравствена реформа во земјата.

Републиканците веќе подолго време го обвинуваат Обама дека поради долгата блокада меѓу Претставничкиот дом и Сенатот, владее како монарх, со декрети, заобиколувајќи го Конгресот.