Влада

Мицкоски- Лами: Потесна соработка со Обединетото Кралство

27.01.2025 13:47

Премиерот Мицкоски оствари телефонски разговор со британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, Дејвид Лами, информираат од владината прес- служба...

Прмеиерот Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со Дејвид Лами британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој. Како што соопштуваат од Владата, соговорниците размениле мислења за актуелните состојби, економската и политичка соработка.

Премиерот Мицкоски ја истакна заложбата за потесна соработка со Обединетото Кралство на заеднички проекти кои ќе донесат економски и политички бенефит за граѓаните.

Постои простор за интензивирање на пријателските односи и за заеднички проекти во инфраструктурата, енергетиката и економската размена.

Се разговараше за повеќе прашања од регионален контекст, при што беше истакната заложбата на македонската страна за водење на политика на дијалог и заедничка соработка за зацврстување на меѓусебните односи, стои во соопштението.