ИН МЕМОРИАМ
Почина реномираниот инструменталист и композитор Константин Коце Икономов
27.01.2025 14:20
Својот работен век го поминува како гитарист и композитор во Биг бендот и Танцовиот оркестар во рамките на продукцијата на Македонската Радио Телевизија.

По подолго боледување почина нашиот реномиран инструменталист и композитор Константин Коце Икономов.
Роден е на 14 јуни 1946-та година. Својот работен век го поминува како гитарист и композитор во Биг бендот и Танцовиот оркестар во рамките на продукцијата на Македонската Радио Телевизија.
Автор е на голем број композиции за биг бендот и танцовиот оркестар на Македонската Радио Телевизија, меѓу кои „Како облак в сонце“, „Сиот свет како да не остави“, „Јуначки деној“ и други.
Погребот ќе се изврши утре од 14 до 15 часот на гробиштата во Бутел.
