Политика

Онкологија ја бранува политичката сцена

27.01.2025 16:55

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кого ВМРО-ДПМНЕ изминативе денови го прозива за поврзаност со веледрогеријата, што според нив е одговорна за кризата на Онкологија, попладнево одржа прес-конференција …

Против мене се води брутална црна кампања, рече лидерот на СДСМ и поранешен министер за здравство Венко Филипче. Тој ја обвини претседателката на Анкетната комисија за Онкологија, Мизрахи дека прикривала извештаи и за политички поени криела докази од истражни органи за да се оцрни неговото име, иако, како што рече, во време кога тој бил министер немало недостиг, па дури и во време на Ковид биле донесени нови терапии. Филипче извештаите ги доставил до Обвинителството и побара да се постапува по нив.

Пратеничката Мизрахи возврати на обвинувањата на Филипче. Вели, тој како министер дозволил башибозук што ги загрозил животите на пациентите.

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ бараат Обвинителството да истражи дали имало криминал при набавката на терапии за болните од канцер.

Ирина Гелевска