Екологија

Засилени контроли на инспекторите за животна средина, изречени казни

27.01.2025 15:23

Инспекциските служби во Гази Баба на едно правно лице му е изречена казна за несоодветно депонирање на отпад, а на три домаќинства што се загреваат согорувајќи дрвен отпад. Во Кисела Вода изрекла две казни на физички лица за горење на отпад на отворено.

Засилени контроли во 11 општини спровеле инспектори за животна средина. Изречени се казни за согорување отпад на отворено и опомени за домаќинства за согорување на дрвен отпад.

Инспекциските служби во Гази Баба на едно правно лице му е изречена казна за несоодветно депонирање на отпад, а на три домаќинства што се загреваат согорувајќи дрвен отпад. Во Кисела Вода изрекла две казни на физички лица за горење на отпад на отворено.

Во Битола една компанија има надминување на дозволеното ниво на емисии NOx (азотни оксиди), а друга има надминување на CO (јаглерод моноксид), за што им се изречени опомени.