НАТО

Руте ги повика членките на НАТО да го зголемат буџетот за одбрана

27.01.2025 20:55

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги повика членките на алијансата да ги зголемат трошоците за одбрана над нивната заедничка цел од два насто од БДП, која беше поставена пред една деценија.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги повика членките на алијансата да ги зголемат трошоците за одбрана над нивната заедничка цел од два насто од БДП, која беше поставена пред една деценија.

„Знаеме дека целта од два проценти, која беше поставена пред една деценија, нема да биде доволна за да се одговори на предизвиците на утрешниот ден“, рече Руте.

Посочи дека за Алијансата да продолжи да биде силна, земјите-членки мора да се прилагодат и да почнат да инвестираат повеќе во одбраната.