Македонија

Мицкоски: Омилена веледрогерија на минатата власт заработувала милиони во Онкологија, ќе реагира и обвинителството

27.01.2025 21:10

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното интервју „360 Степени“ на МТВ рече дека проблемот со Онкологија ќе се реши во текот на неделата, потенцирајќи дека завршува времето на злоупотреби каде омилената веледрогерија на минатата власт заработувала на лекови по екстремно високи цени на грбот на пациентите...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното интервју „360 Степени“ на МТВ рече дека проблемот со Онкологија ќе се реши во текот на неделата, потенцирајќи дека завршува времето на злоупотреби каде омилената веледрогерија на минатата власт заработувала на лекови по екстремно високи цени на грбот на пациентите.

„Има во државата закони коишто мора да се почитуваат и процедури коишто мора да бидат запазени. Јас апсолутно се согласувам со вас дека секој осигуреник мора да добие правилна медицинска нега“, дециден е премиерот Мицкоски.

„Како опозиција често пати зборувавме за случајот во Онкологија и за сето она коешто таму се случувало, како лековите биле аплицирани, дали тие лекови биле воопшто третирани на начин на којшто треба да бидат третирани, дали сето тоа биле злоупотребувано. Знаете дека имаше анкетна комисија во рамките на парламентот, тогаш пратеникот Рашела Мизрахи излезе со извештај, според некои информации коишто јас ги имам дел од тие наводи веќе ги третира Обвинителство. Така што да почекаме резултатот од сето тоа коешто во минатото го зборувавме каков ќе биде“, вели тој.

На прашањето зошто не се подготвени како власт да преземат нешто, туку постојано се навраќаат во минатото, Мицкоски рече:

„Не ние мораме тоа да го констатираме, бидејќи тој проблем сега го решаваме. Нас најлесно ќе ни беше да продолжиме по принципот „како до сега“, односно една омилена веледрогерија на претходната Влада, да ја негуваме и третираме како тоа што го правеше претходната Влада, да добиваме лекови на реверс коишто три до четири пати повеќе ќе ги плаќаме, без соодветна тендерска процедура, па сето тоа потоа да се враќа. Или да спроведеме законска тендерска процедура во којашто снабдувачите на ваков тип на лекови ќе обезбедат за пациентите. И тоа го правиме, веднаш по вчитувањето на буџетот и веднаш по распределбата во рамки на здравствените институциите сите овие процедури се запазени и во текот на оваа недела сето тоа ќе биде решени и надминат. И за прв пат нема повеќе да има реверси, нема повеќе да има злоупотреби.“