Дербито за Ецкоски
Марјан Ецкоски од Охрид ќе ја дели правдата на вечното дерби во македонскиот фудбал со коешто ќе биде отворена новата сезона во нашата Прва лига. В недела од 17.30, (пренос на МРТ Собраниски) на стадионот под „Тумбе кафе“ во Битола, Пелистер ќе го пречека Врадр, а на Ецкоски ќе му помагаат сограѓанинот Жарко Тодороски и прилепчанецот Илчо Јорданоски.

Другите двојки од воведната рунда во нашата најквалитетна фудбалска конкуренција се: Шкендија – Брегалница, Работнички – Металург, Силекс – Турново и Ренова – Тетекс. Натпреварувачката 2014/15 е куриозитетна по тоа што првпат во македонскиот фудбал Првата лига ќе брои десет екипи. Тоа значи дека во секое коло ќе има по пет меча, а еден од нив ќе оди во пренос на програмата на Македонската телевизија.