Собрание

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на Големото национално собрание на Турција во посета на Собранието

28.01.2025 08:30

Октај ќе оствари средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши...

Во посета на Собранието денеска ќе престојува претседателот на Комисијата за надворешни работи на Големото национално собрание на Турција, Фуат Октај.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Октај ќе оствари средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Тој ќе се сретне и со претседателот на Комисијата за надворешни работи и надворешна трговија Муса Џафери и со членовите на Комисијата.