СРБИЈА

Вучиќ: Сите барања на студентите ќе се исполнат во наредните денови

28.01.2025 08:33

Претседателот на Србија, Вучиќ, уверува дека во следните неколку дена ќе бидат исполнети сите студентски барања...

Претседателот на Србија, Вучиќ, уверува дека во следните неколку дена ќе бидат исполнети сите студентски барања. Додаде дека е подготвен и да потпише одлука за помилување од кривично гонење на уапсените студенти и други приведени за време на протестите.

Вучиќ меѓу другото најави дека на земјата и потребна итна реконструкција на владата. За в среда закажана седница за гласање доверба на владата.

„Треба да ги смириме тензиите и да имаме разговори, јас сум секогаш подготвен да разговараме за секој проблем, како и владата и Собранието. Земјата мора да функционира. Нема поважна задача што ја има една влада од организирање на животот на граѓаните и подобрување на животниот стандард“, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Српските студенти и граѓани протестираат со недели, откако во ноември се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад, при што починаа 15 лица. Демонстрантите вчера ја блокираа Автокоманда, една од главните раскрсници во Белград.