ДКСК
ДКСК денеска ќе ја одржи 14.седница
28.01.2025 08:41
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 14. седница, преку ZOOM комуникациската платформа...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 14-та седница, преку ZOOM комуникациската платформа.
Како што информираат од ДКСК, на дневен ред се Предлог записник од 12-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата одржана на ден 24.12.2024 година и Предлог записник од 13-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата одржана на ден 30.12.2024 година, Постапување по конкретни предмети, Прашања и предлози како и Предмети по пријави од укажувачи.
