Руско - украински конфликт
Битки на неколку страни на фронтот во Украина
28.01.2025 09:16
Најжестоки борби се водат околу Часово Јар и во правец на Покровск...

Битки на неколку страни на фронтот во Украина. Најжестоки борби се водат околу Часово Јар и во правец на Покровск.
Продолжуваат нападите и со беспилотни летала. Москва соопшти дека на удар се пограничните региони со Украина. Во меѓувреме, Европската унија ги продолжи економските санкции против Русија.
Кремљ соопшти дека сè уште не добил никакви сигнали од САД за организирање на можна средба меѓу претседателите Путин и Трамп, но и натаму се подготвени за таков состанок.
