САД

Трамп најави големи промени во американската армија

28.01.2025 09:32

Ќе се воведе забрана трансродовите лица да служат во вооружените сили и ќе се укине програмата за различност...

Претседателот Трамп најави големи промени во американската армија.

Со извршна наредба ќе се воведе забрана трансродовите лица да служат во вооружените сили и ќе се укине програмата за различност. Планирано е САД да почнат со изградба на противракетен одбранбен штит „Железна купола“, а меѓу другото и би биле вратени од работа припадниците на службата кои биле отпуштени поради одбивање да се вакцинираат против Ковид-19.

Уредбите следуваат откако кандидатот на Трамп за шеф на Пентагон, Пит Хегсет, во саботата положи заклетва како секретар за одбрана.