Македонија

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

28.01.2025 09:44

Во Берово утрово е измерена најниска температура од -4 степени, соопшти УХМР...

Во Берово утрово е измерена најниска температура од -4 степени, соопшти УХМР. Следат Битола и Прилеп со -3, -2 во Струмица, Тетово и Штип, -1 Крива Паланка, 0 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, 1 Демир Капија, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Велес, 2 Виница, Попова Шапка 3 Гевгелија, 4 Маврови Анови и 5 степени во Крушево.

Висината на снежната покривка измерена утрово во 7 часот е 36 сантиметри на Попова Шапка, 26 Маврови Анови и 5 сантиметри Битола.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди особено на повисоките места и планините, а по котлините магливо.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14 степени, во Пелагонија до некој степен над нулата.

Во Скопје променливо облачно, магливо и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.