Фудбал
Нејмар официјално повеќе не е фудбалер на Ал Хилал
28.01.2025 10:50
Нејмар пристигна во редовите на саудискиот клуб во 2023 година од Ал Хилал за сума од 90 милиони евра и се очекуваше да биде големо засилување, но поради повредите за две години собра само седум настапи...

Бразилецот Нејмар и официјално повеќе не е фудбалер на Ал Хилал од Саудиска Арабија.
Нејмар пристигна во редовите на саудискиот клуб во 2023 година од Ал Хилал за сума од 90 милиони евра и се очекуваше да биде големо засилување, но поради повредите за две години собра само седум настапи. Долго време беше надвор од терените и никогаш не успеа да ги оправда парите вложени во него.
Во Ал Хилал, Нејмар имаше плата од 150 милиони евра годишно, иако на теренот не носеше речиси ништо.