Тодоров: Не се очекува сериозно ширење на бактеријата листерија
Со сите мерки што се преземаат, посочи министерот, веројатно се успеа да се стабилизира побрзото ширење...

Не се очекува сериозно ширење на бактеријата листерија и засега нема нови случаи, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров. Со сите мерки што се преземаат, посочи министерот, веројатно се успеа да се стабилизира побрзото ширење.
Не велам дека не може да се појават еден или два случаи имајќи го предвид долгиот период на инкубација. Во секој случај, нема сериозно ширење на оваа бактерија. Тоа е добро. Останува да се преземаат мерките од надлежните институции: Агенцијата за храна и ветеринарство и да се расветли целата ситуација. Најбитно е дека се во што е нај дена бактеријата листерија е повлечено од промет, рече Тодоров.
Тoдоров денеска присуствуваше на отворањето на обновената здравствена станица во Kривогаштани.
