Регион

Српскиот премиер Вучевиќ поднесе оставка

28.01.2025 11:48

Вучевиќ информира дека утрово разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ја прифатил неговата одлука.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ на вонредна прес- конференција соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата. Вучевиќ информира дека утрово разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ја прифатил неговата одлука.

„Мислам дека ова ја покажува одговорноста на оние кои се избрани да бидат одговорни“, рече Вучевиќ. Нагласи дека политичарите треба да ја прифатат одговорноста и да покажат дека се подготвени да ги смират тензиите во општеството.

Вучевиќ најави дека во текот на денот оставка ќе поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.