УХМР
Од утре дожд, на некои места пороен
28.01.2025 17:24
Во четврток наместа и претежно на југот и југоистокот ќе има врнежи кои краткотрајно ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи.

Во среда и во текот на ноќта кон четврток особено во западните делови ќе има врнежи од дожд кои најпрвин во западните делови ќе бидат наместа поројни, соопшти УХМР.
Во четврток наместа и претежно на југот и југоистокот ќе има врнежи кои краткотрајно ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи.
Во петок и сабота ќе биде стабилно, а од недела повторно се очекуваат врнежи.
