Пауза за Надал

31.07.2014 16:13

Рафаел Надал го откажа учеството на АТП тенискиот турнир од серијата 1000 во Торонто, а извесно е дека нема да учествува и на турнирот од ист ранг во Синсинати којшто почнува на 11 август. Шпанецот има повреда на раката, а со оглед на добрите настапи на овие турнири лани, ќе загуби бодови на АТП листата.

„Се надевам дека што побрзо ќе можам да се вратам на терените, но засега нема точна временска проценка околу тоа“, изјави второрангираниот светски тенситер. Неговата цел е да го санира зглобот и да може да се подготви за учество на гренд - слем турнирот во Њујорк каде што мината сезона ја освои титулата.

Најновите тениски возбудувања од Торонто ќе можете да ги гледате на програмата на Собранискиот сервис на МРТ од 4-11 август, а веднаш потоа и турнирот во Синсинати.