Шерон Стоун: Преживеав мозочен удар

31.07.2014 16:51

Во емисијата кај Опра Винфри „Opra’s Master Class“ актерката Шерон Стоун сподели некои од страшните детали од искуството со работ до смртта. Таа открива дека во  2001 година доживеала толку силна болка што помислила дека е застрелана во глава.

„Ја повикав мајка ми и и реков: мамо, јас сим во итна служба, имам излив во мозокот“, вели Стоун. Анеуризмата во мозокот влијаела на се, била опкружена од темнина нои дале можност животот да го види сосема поинаку. „Морав да учам да одам, да слушам, да зборувам, да се сеќавам, се од почеток,“ се сеќава Стоун.

Години подоцна, нејзиниот живот се чинело дека се распаѓа. Во 2004 година Шерон и нејзиниот сопруг Фил Бронстин се разделиле, а во 2008 година Фил и добил апсолутно старателство над нивниот син.

„Постоеше дел од мене кој чувствуваше дека се сум изгубила. Мојата кариера беше речиси згасната, моето семејство исто така, се разведов, ми го одземаа детето и голем дел од мојот идентитет,“ вели Стоун.

„Да се изгуби се е како смрт. Но тоа не е налошата работа, смртта не е најлошото. Се стана побогато за време на ова искуство. Се стана подобро за мене, поради ова искуство.Беше како нов почеток. Секоја смрт е ново раѓање“, коментира Стоун за ова нејзино непријатно искуство.