Повик за бојкот на маркетите в петок
Бојкотот на продавниците и маркетите во Хрватска го инспирираше регионот. За в петок вакви бојкоти се најавени и во Босна и Херцеговина и во Црна Гора. И кај нас по социјалните мрежи се споделуваат натписи за бојкотирање на маркетите.

„Имам разбирање за акцијата на граѓаните“ – став на премиерот Христијан Мицкоски за повикот на бојкот на маркетите в петок. Вели дека од самиот почеток зборува за однесувањето на поединци во овој бизнис кои се обидуваат да дојдат до голем профит. Информира дека пазарните инспекторати ја следат ситуацијата и навремено реагираат.
СДСМ ја повикува Владата да донесе мерки за заштита на граѓаните кои ги нуди опозицијата.
Оценката на Организацијата на потрошувачите е дека трговците навистина претерале.
Бизнисмените воздржани. Велат дека со овој чекор, не може да се постигне ништо оти било само еден ден.
Во Хрватска минатата недела почна бојкот на продавници, трговски синџири и бензински пумпи поради постојаното зголемување на цените.
На 31-ви јануари, освен во Македонија, бојкот на трговските објекти е најавен и во Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Борис Грујоски
