Мицкоски неделава на средба со УПОЗ
Протестот во шест министерства и две институции е ставен во мирување. Од УПОЗ се оптимисти дека ќе се најде заедничко решение.

Неделава средба меѓу премиерот Мицкоски и синдикатот на УПОЗ. Ќе се разговара за барањата на синдикалците за исплата на дадатоци на плата од 30 проценти и потпишување на колективните договори.
Протестот во шест министерства и две институции е ставен во мирување. Од УПОЗ се оптимисти дека ќе се најде заедничко решение. Премиерот и министерката за финансии велат дека нема законски основ за најавената тужба од синдикатот против државата за дискриминација, ако не се постигне договор, бидејќи такво нешто во општиот колективен договор не стои.
Досега се потпишани колективни договори со синдикатите во образованието и во здравството. Премиерот Мицкоски информираше дека неделава ќе се одржи и седница на Економско-социјалниот совет.
