Кривичен суд

Во Кривичниот суд почна од почеток судењето за злоупотреба на спортските ваучери

28.01.2025 15:17

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска повторно започна судењето за злоупотреба на спортските ваучери за кое се обвинети 12 лица меѓу кои поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски...

Судењето за спортските ваучери доби нов судија и почна од почеток. Поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски како и уште десетмина обвинети не чувствуваат вина. 

Пред да се изведат доказите, дел од адвокатите побараа повлекување на обвинението, бидејќи како што велат со измените на Законот за спорт, освен што нема кривично дело, нема ниту докази дека е сторено.

Обвинителката нема намера да отстапи од кривичниот прогон.

Дел од одбраната поднесе прочистена листа на докази, а дел побараа да добијат препис од списите за да срочат одбрана.

 

Анита Димитријевска – Велковска