Здравство

Дефицит на кадар и ограничен буџет за лекови на штипска онкологија

28.01.2025 16:16

Околу сто пациенти во моментот примаат терапија на Онкологија во штипската болница каде се вршат и хируршки зафати на дел од пациентите, биопсија и патолошки наоди. Но, кадровскиот дефицит, просторните услови и ограничениот буџет за набавка на лекови се причина за голем број пациенти од истокот наместо во Штип, да се лекуваат во Скопје…

Ограничени просторни услови, дефицит на кадар и ограничен буџет за набавка на лекови – ова се проблемите со кои се соочува Одделението за онкологија при Клиничка болница Штип. Со години наназад овде се аплицира таблетарна и инфузиска терапија за пациентите од источниот регион, а се вршат и дијагностички процедури.

Во Штип се третираат карциномите на дојка, простата, дебело црево и коски. Во моментот има околу сто пациенти.

Бројот на пациенти расте, па изразена е потребата од кадар и соодветни болнички услови. Онколошкото одделение има само еден доктор и една сестра, пациентите се терапираат во дневна болница, без услови за хоспитализација.

Славица Величковска