Превенција за рано откривање рак на матка
Вакцинацијата и редовните гинеколошки прегледи се клучни за превенција на ракот на грлото на матката. Во Македонија, годишно се регистрираат по околу 170 нови случаи на овој тип на рак. Месецот јануари е светски месец за подигање на свесноста за ова онтолошко заболување...

Вакцинацијата, како и редовните гинеколошки прегледи и скрининг тестови, се клучни за превенција и рано откривање на ракот на грлото на матката. Овој тип на гинеколошко онколошко заболување се развива бавно, па доколку откриен навреме, може целосно да се излечи.
Вакцината против сексуално преносливиот ХПВ вирус, како главен причинител на ракот на грлото на матката, треба да ја прима и женската, но и машка популација.
Редовните гинеколошки прегледи спасуваат човечки животи, велат докторите.
Во Македонија, годишно се регистрираат по околу 170 нови случаи на овој тип на рак. Месецот јануари е светски месец за подигање на свесноста за ова онколошко гинеколошко заболување.
Марија Котовска
