Временска прогноза

Променливо облачно, претпладне по котлините магливо

29.01.2025 08:07

Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд поинтензивни во западните делови, а претежно во југозападните делови со услови за краткотрајни грмежи...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд поинтензивни во западните делови, а претежно во југозападните делови со услови за краткотрајни грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје, променливо облачно, наутро магливо и претежно тивко. Од крајот на денот и преку ноќта ќе има повремен дожд.