Премиерот Мицкоски ќе присуствува во касарната „Гоце Делчев“ каде ќе се симулира сајбер хибриден напад
Мицкоски ќе присуствува во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром во објектот на Воената Академија „Михајло Апостолски“ (Сина сала бр. 54) каде ќе се симулира сајбер хибриден напад, при што ќе бидат свечено примопредадени минимум сајбер безбедносни стандарди за владините институции на кои се работеше во соработка со Амбасадата на Обединетото Кралство...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром во објектот на Воената Академија „Михајло Апостолски“ (Сина сала бр. 54) каде ќе се симулира сајбер хибриден напад, при што ќе бидат свечено примопредадени минимум сајбер безбедносни стандарди за владините институции на кои се работеше во соработка со Амбасадата на Обединетото Кралство.
Како што најавија од владината-прес служба, по настанот, изјава за медиуми ќе даде премиерот Мицкоски.
