Собрание

Две пленарни седници денеска во Собрание

29.01.2025 08:26

Во рамки на 33-та седница пратениците ќе расправаат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор, по скратена постапка...

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи две пленарни седници.

Во рамки на 33-та седница пратениците ќе расправаат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор, по скратена постапка.

На дневен ред на 27-та седница има само една точка – Предлог на законот за ратификација на Спогодбата за инструмент помеѓу Европската Унија претставувана од Комисијата и Република Северна Македонија претставувана од Владата на Северна Македонија, за посебни аранжмани за спроведување на поддршка од Унијата за Република Северна Македонија, во согласност со инструментот за реформи и раст.