Србија: Нова влада или избори, ќе се одлучи за 10 дена
Категорично ја отфрли можноста за формирање преодна влада. Вели дека има три, четири имиња за мандатар, но и ограничувања...

Во наредните 10 дена ќе биде донесена одлука дали Србија ќе добие нова влада или ќе се оди на избори најрано во април-изјави претседателот Вучиќ по оставката на премиерот Вучевиќ. Категорично ја отфрли можноста за формирање преодна влада. Вели дека има три, четири имиња за мандатар, но и ограничувања.
„Морам да предложам мандатар којшто ќе ми го посочи парламентарното мнозинство, или некој ме увери дека има парламентарно мнозинство за избор на мандатар. Така ќе ги почнам разговорите. Имав три или четири имиња во главата, но не сум сигурен дека нема да одиме на избори. Така што за десет дена, кога ќе имаме одлука, тогаш ќе бидам подготвен да зборувам за кандидати за премиер“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.
Нападот врз студентите во Нови Сад пред седиштето на СНС го оцени како скандалозен и рече дека одговорност мора да постои. За денеска најави дека ќе помилува 13 лица уапсени на претходните протести. По оставката на премиерот од функција се повлече и градоначалникот на Нови Сад Ѓуриќ.
