Путин подготвен за преговори, но не со Зеленски
Тој тврди дека Русија е подготвена за преговори, но не и со Зеленски...

Конфликтот во Украина би можел да заврши за месец и пол до два доколку Киев остане без муниција и западно финансирање-изјави рускиот претседател Путин. Тој тврди дека Русија е подготвена за преговори, но не и со Зеленски. Неговиот мандат е завршен и преговорите би немале правно значење, особено што Киев во 2022 – та со декрет забрани разговори со Москва, указ кој сè уште е во сила, додава Путин.
„Ако започнеме преговори сега, тие ќе бидат нелегитимни. Затоа што кога сегашниот шеф на режимот го потпиша овој декрет, беше донекаде легитимен претседател. Но, сега не може да го откаже, бидејќи е нелегитимен. Тоа е трик, стапица. Но, постои законски начин тоа да се направи, дозволете му на претседателот на врховната Рада, согласно уставот и можете да го затворите секое правно прашање. Засега едноставно не гледаме таква желба“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
Зеленски вели-Путин потврдил дека се плаши од преговори, од силни лидери и дека прави се за да ја продолжи војната. Истакна дека Киев работи на зајакнување и модернизација на својата армија и најави формирање на корпус во вооружените сили.
