Белата куќа во одбрана на мерките на Трамп
Од кабинетот на Трамп тврдат дека одлуката нема да влијае на програмите на кои се потпираат Американците...

Белата куќа во одбрана на одлуката на Трамп за замрзнување на сите заеми и грантови од федералната влада откако судот ја блокираше мерката неколку минути пред да стапи во сила. Од кабинетот на Трамп тврдат дека одлуката нема да влијае на програмите на кои се потпираат Американците.
„Важно е да се разбере дека ова е процес на ревизија за дискреционо трошење, треба да има политички назначен поединец кој едноставно ги разгледува и одобрува трошоците, да имаме демократска контрола врз работењето на владата. Ова нема да влијае на ниту една федерална програма на која се потпираат Американците“, изјави Стивен Милер, заменик шеф на Белата куќа.
Одлуката на Трамп наиде на низа реакции од неговите опоненти, но и од непрофитните организации.
