УХМР
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
29.01.2025 08:59
Со измерени минус два степени најстудено утрово било во Берово.

Со измерени минус два степени најстудено утрово било во Берово.
Како што соопшти УХМР во Битола измерен е еден степен, нула во Струмица и Крива Паланка, еден во Прилеп и Попова Шапка, два во Штип, три во Скопје-Петровец, Кавадарци, Виница, Лазарополе и Куманово, четири во Тетово, пет во Велес, Маврови Анови и Крушево, шест во Скопје-Зајчев Рид, седум во Охрид и Претор и осум во Демир Капија, Гевгелија и Дебар.
Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 34 сантиметри на Попова Шапка и 23 во Маврови Анови.
