Високи цени

Пензионерите повикани да ги бојкотираат маркетите

29.01.2025 10:11

Партијата на пензионерите ги повика пензионерите во петок да се приклучат на иницијативата за бојкот на маркетите поради превисоките цени.

Партијата на пензионерите ги повика пензионерите во петок да се приклучат на иницијативата за бојкот на маркетите поради превисоките цени.

Од таму велат дека во потполност ја разбираат и поддржуваат граѓанската иницијатива за бојкот на маркетите на ден 31.01.2025 г., на која се повикува на социјалните мрежи во земјата.

„Пензионерите како една од економски најзагрозените категории во општеството, длабоко е засегната од вкоренетата пракса на огромен број на трговци и трговски ланци за манипулација и изигрување на Законот за нефер трговски практики, што дефинитивно претставува акт за најостра осуда.

Затоа Партијата на пензионери во целост ја поддржува иницијативата и ги повикува своите членови, сите пензионери и граѓани да го покажат својот став со конкретна акција за бојкот на сите оние кои на грбот на сите нас остваруваат енормни, нефер и неетички финансиски профити“, соопшти партијата.

Од таму од Владата побараа преземања на крајни и ефикасни мерки за конечно и долгорочно решавање на оваа константна пракса на трговците во земјата.