Општина Аеродром и годинава доделува еднократна парична помош за новороденчиња
Од општината потсетуваат дека рокот за поднесување барање за еднократна парична помош за новороденче родено во 2024 година истекува на 31 март 2025 година.

Општина Аеродром и годинава доделува еднократна парична помош за новороденчиња во висина од 8.000 денари. Барање за парична помош можат да поднесат семејствата со новороденче родено во 2025 година на подрачјето на Општина Аеродром.
Барањето може да се поднесе во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден во периодот од 08:00 до 16:00 часот, а рокот за поднесување трае до 31 март 2026 година.
Од општината потсетуваат дека рокот за поднесување барање за еднократна парична помош за новороденче родено во 2024 година истекува на 31 март 2025 година.
Со помошта од 8.000 денари за секое новороденче Општина Аеродром има цел да им ги олесни трошоците на родителите, а грижата за најмладите останува еден од нашите врвни приоритети- стои во соопштението.
