Јапонија
Огромна дупка се отвори на крстосница во Јапонија и „проголта“ камион
29.01.2025 11:40
Спасувачките екипи во текот на ноќта успеале со кран да ја подигнат приколката од камионот која се одвоила од предницата...

Дупка широка 10 метри се отвори во асфалтот и „проголта“ цел камион во близина на Токио.
Спасувачките екипи во текот на ноќта успеале со кран да ја подигнат приколката од камионот која се одвоила од предницата. Возачот сè уште е заробен во кабината која е исполнета со песок и кал.
Јапонските власти веруваат дека дупката е предизвикана од пукање на канализациска цевка. Апелираа до жителите да ја избегнуваат областа во радиус од 200 метри.
Фото: Принтскрин / Јутуб
