Економија

Мицкоски најави засилени контроли кај трговците и итна реакција на терен

29.01.2025 11:49

Мицкоски денес остварил средба со Комисијата за заштита на конкуренцијата, министерот за економија, заменик министерот за економија и директорот на пазарната инспекција. Наложил засилени контроли и итна реакција на терен.

Поединечни трговци и трговски ланци се однесуваат неодговорно заработувајќи преку енормни цени на производи кои ги плаќаат граѓаните. Ова меѓу другото го разбирам и како напад врз сопствената држава, граѓаните и заедничкиот интегритет. Растот на цените ја нагласува потребата за одлучна, одговорна и транспарентна акција. Како Влада, остануваме целосно посветени на борбата против неправедните трговски практики и злоупотребите кои директно влијаат на животниот стандард, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук.

Мицкоски денес остварил средба со Комисијата за заштита на конкуренцијата, министерот за економија, заменик министерот за економија и директорот на пазарната инспекција. Наложил засилени контроли и итна реакција на терен.

„Тие имаат јасна задача – да го проверат однесувањето на трговците и да спречат какви било злоупотреби. Ќе инсистирам на транспарентност и ригорозни казни за сите кои ќе се утврди дека го изигруваат законот и ги злоупотребуваат граѓаните и добавувачите. Заедно ќе се спротивставиме на сите кои мислат дека ќе се богатат на наша сметка“, вели премиерот Мицкоски.

Премиерот додава дека го разбира повикот за бојкот на маркетите, како чин на граѓански отпор против монополското однесување и општествената неодговорност на поединечни трговци.

Имам јасни сознанија дека одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни профити на грбот на граѓаните. Ова е неприфатливо и нема да биде толерирано-пишува премиерот.