Северна Кореја

Ким Јонг Ун сака да го зајакне нуклеарниот штит

29.01.2025 20:40

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун повика да се зајакне нуклеарниот штит на земјата при посетата на постројката за производство на нуклеарен материјал, објавија денеска севернокорејските медиуми.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун повика да се зајакне нуклеарниот штит на земјата при посетата на постројката за производство на нуклеарен материјал, објавија денеска севернокорејските медиуми.

-Безбедносната ситуација во Северна Кореја го прави „незаменливо“ постојаното зајакнување на нуклеарниот штит на земјата, рече Ким.

Извештајот не дава никакви прецизни информации за тоа каде е објектот што го посети Ким, ниту за тоа кога се случила посетата.

Претставник на американската влада, вчера за првпат потврди дека претседателот Доналд Трамп ќе продолжи да ја следи целта за целосно разоружување на Северна Кореја од нејзиното нуклеарно оружје за време на неговиот втор мандат.