ФРАНЦИЈА

„Мона Лиза“ ќе биде сместена во посебна соба-повисоки цени на влезници во обновениот Лувр

29.01.2025 20:08

Мона Лиза ќе добие своја нова соба во музејот на уметност Лувр во Париз, што ќе ѝ овозможи уште подобро да биде изложена пред посетителите.

Мона Лиза ќе добие своја нова соба во музејот на уметност Лувр во Париз, што ќе ѝ овозможи уште подобро да биде изложена пред посетителите.

Легендарната слика на Леонардо да Винчи ќе добие просторија што подобро ја одразува нејзината важност како дел од големото реновирање на музејот, изјави во вторникот францускиот претседател Емануел Макрон.

Се очекува бројот на посетители да се зголеми од сегашните 9 милиони годишно на дури 12 милиони.

Трошоците ќе бидат финансирани од сопствени приходи на Лувр, донации и зголемени цени на билетите.